Соопштенија

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АПСОЛВЕНТИ И ДИПЛОМИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА, СО ВИСОК ПРОСЕК

Центарот за развој на Вардарски плански регион започнува со имплемнтација на прокетот “Кампања за вработување на 5 најдобри студенти од Вардарски плански регион во претпријатија од Регионот” кој е финансиски поддржан од Програмата за развој на ОН-УНДП во рамки на проектот “Мрежа за инклузивен развој на Вардарски плански регион”.

 

Во рамки на организирањето на оваа кампања се врши мапирање на најдобрите студенти – апсоловенти или дипломирани невработени лица со кои ќе биде спроведена една работилница и серија на креативни сесии (мин.3) за кодизајнирање на кампањата за вработување на 5 најдобри студенти од регионот во претпријатијата од регионот.

На лицата кои што ќе се пријават и ќе ги исполнуваат условите (висок просек во текот на студирањето) ќе им биде извршена обука за зајакнување на нивните капацитети за успешно промовирање пред потенцијалните работодавачи.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- да е жител на некоја од Општините од Вардарски плански регион (Велес, Кавадарци, Неготино, Чашка, Градско, Росоман, Демир Капија, Свети Николе и Лозово );
- да има просечен успех во текот на целото студирање од најмалку 8,5.
За аплицирање треба да се достави:
- уверение за положени испити издадено од факултетот;
Во прилог на уверението потребно е да се достават контакт податоци односно телефонски број и е-маил адреса.

Документите се доставуваат до Центарот за развој на Вардарски плански регион на адреса Панко Брашнар бр.1 Велес или скенирани на следната е-маил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Центар за развој
на Вардарски плански регион
Раководител
Марко Колев