Соопштенија
ЈАВЕН ПОВИК за интерес за поставување на Спортски балон сали во Општина Велес
Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02), а согласно даденото мислење од Агенцијата за млади и спорт на РМ, за поставување на спортски балон сали, Општина Велес на ден 30.09.2014 година, објавува
ЈАВЕН ПОВИК за интерес
Повик за пројавување на интерес за поставување на Спортски балон сали во Општина Велес
1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
1.1.Предмет на јавниот повик е пројавување на интерес од потенцијални инвеститори, кои би сакале да постават спортски балон сали на простор определен од Општина Велес.
1.2.Поставувањето на објектот ќе се врши на посебно утврдена локација.
Прва локација на КП 1897 за КО Велес или поточно во дворот на ООУ „Блаже Конески“ и
Втора локација на КП 1886 за КО Велес или поточно во дворот на ОСУ „Гимназија Кочо Рацин“.
1.3.Трошоците за уредување на просторот пред и во спортските балон сали паѓаат на товар на инвеститорот.
2.ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
2.1.Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани лица со поднесување на Пријава која содржи:
- Име и презиме на инвеститорот или назив на фирма;
- Адреса на живеалиште или престојувалиште;
- Број на лична карта и матичен број или тековна состојба за правно лице.
2.2.Пријавените кандидати кон пријавата се должни да достават и План за видот, формата (изработка, одржување и користење) на спортските балон сали со напомена за кој спорт истите би се користеле.
2.3.Истите се должни да ги напоменат и сите услови кои се потребни за користење на спортската сала и сите карактеристики што се битни за овој објект.
3.НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА
3.1.Лицата од точка 2 поднесуваат Пријава за интерес до архивата во Општина Велес, со назнака „За Јавниот повик за спортски балон сали“, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.
Број 08-7440/1
30.09.2014 година
Велес
Градоначалник на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев