Соопштенија
ЈАВЕН ПОВИК - простор за јавна продажба на производи по повод престојните Новогодишни празници организира
Врз основа на член 50, став 2 од Законот за локалната самоуправа, Ceктоp за урбанизам и заштита на животната средина, комунални дејности, сообраќај, патишта, локален екомоски развој и информатичка технологија, на ден 28.11.1014 година, објавува
ЈАВЕН ПОВИК
Општина Велес по повод престојните Новогодишни празници организира простор за јавна продажба на производи и тоа:
- во Младински парк 16 продажни места
- на платото - просторот пред Основниот суд во Велес, 13 продажни места
- на ново подигнатата паркова површина (поранешен Офицерски дом) 6 продажни места
- на парковата површина пред ООУ „Васил Главинов"4 продажни места и
- на платото на плоштад „Македонија" (фонтана Авона) 2 продажни места
Одобрението за поставување тезги се однесува за периодот од 15.12.2014 година до 08.01.2015 година.
Продажбата на сопствени производи, предмети или сувенири ќе се врши на унифицирани тезги, обезбедени и поставени од страна на општината - преку ЈКП „Дервен".
Врз основа на просторот изготвена е скица на површините на кои ќе се поставуваат тезгите со точно утврдени локации. Забрането е поставување на тезги и друга опрема на локации кои не се предвидени од страна на општината.
Општина Велес ги повикува сите заинтересирани лица (трговци, трговци поединци, угостители и др.) кои се заинтересирани своите производи, предмети и сувенири да ги изложат за продажба, тоа да го направат на следниот начин:
- да достават барање до Општина Велес во Граѓанскиот сервис центар. (во барањето задолжитело треба да биде наведено на која локацијата од горе наведените ќе бидат изложени производите и кој вид производ ќе се продава).
По поднесување на барањето и добивање на одобрение за поставување, истите го регулираат статаусот на обезбеден простор и дозвола за приклучување на струја до продажниот простор.
Тезгите на кои треба да бидат изложени предметите за продажба ќе бидат издадени и поставени од страна на ЈКП „Дервен" Велес и ќе бидат нумерирани.
За обезбедување на тезгата во утврдениот термин, заинтересираните лица, по добивањето на согласност од Општина Велес, ќе се обратат до ЈКП „Дервен" РЕ „Пазари" или на тел: 231-011 локал 110.
НАПОМЕНА:
Поставувањето на сопствени тезги, додатни маси и др. подвижни предмети и елементи за изложување без одобрение од надлежниот орган на општината, Комуналната инспекција при Општина Велес согласно своите надлежности ќе преземе соодветни инспекциски мерки според законските одредби кои ја регулираат оваа материја