Соопштенија

„ЧИСТ ГРАД“ - заедничка акција на Општина Велес и СВР-Велес

Почитувани граѓани,
Врз основа на законските надлежности Општина Велес и СВР-Велес ќе започнат заедничка акција „ЧИСТ ГРАД“. Започнување на оваа заедничка активност ќе биде на 15-ти декември годинава (понеделник) и ќе трае контиунирано, а ќе се реализира со цел да се евидентираат и да се отстранат нерегистрираните, хаварисаните и запуштените моторни возила, приколките и камп-приколките, тракторите, земјоделските машини и алатки, од отворени простори и јавно сообраќајните површини, како и создавање на услови за безбеден и уреден сообраќај и здрава животна средина.

Општина Велес и СВР Велес ги потсетуваат граѓаните дека согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за јавна чистота, Законот за комуналните дејности и

Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување во Општина Велес, на јавните површини забрането е :

  • Оставање на нерегистрирани, хаварисани и запуштени возила, приколки и камп приколки;
  • Фрлање и оставање отпадоци од градежен материјал;
  • Поправање, сервисирање возила и вршење на разни занаетчиски работи;
  • Миење на возила и камп-приколки;
  • Оставање на запрежни коли, трактори, земјоделски машини и алатки.

Согласно предвидената динамика за успешна реализација на оваа активност, истата ќе се спроведува во две фази и тоа превентивна и репресивна. Во првата фаза ќе се врши континуирано информирање на граѓаните за нивните обврски согласно погоре наведените прописи. Екипа на СВР Велес и Општина Велес ќе врши контрола на состојбата на улиците , паркинг просторите пред и зад стамбените згради како и јавните паркиралишта и јавните површини.

Утврдените прекршоци ќе се документираат и фотографираат, а сопствениците на нерегистрираните, хаварисаните и запуштените моторни возила, приколките и камп-приколките, тракторите, земјоделските машини и алатки, ќе бидат известени да ги отстранат истите во рок од 7 дена. Доколку сопствениците не постапат по добиеното известување, во втората фаза ќе се применат репресивни мерки согласно предходно наведените прописи.

Се молат граѓаните активно да земат активно учество во спроведувањето и реализацијата на оваа активност.

Градоначалник на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев