Соопштенија

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена - ВЛС 9085 ПРЕМИН КУЛА

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13 и 187/13) на ден 27.11.2014 година, Градоначалникот на Општина Велес донесе

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

1.За Локална урбанистичка планска документација за изградба на мобилна телефониија ВЛС 9085 ПРЕМИН КУЛА, на дел од КП 966, мв Бабуниште, КО Рудник, Општина Велес, кој се носи согласно Закон за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

 

2.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес.

3.Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, донесувањето на Локална урбанистичка планска документација за изградба на мобилна телефониија ВЛС 9085 ПРЕМИН КУЛА, на дел од КП 966, мв Бабуниште, КО Рудник, Општина Велес, нема да има влијание врз животната средина од следните причини:

• Со планскиот документ се планира реализирање на проекти што не се предвидени со Уредбата за определување на проектите и критериумите врз кои се утврдува потребата за спроведување на постапка за оцена на влијанието врз животната средина
• Планскиот документ се однесува на објекти со класа на намена Е2- комунална супраструктура.

4.Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерството за животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев