Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ - Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за ДУП за дел од УБ 49, УЕ 9

 

Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (”Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:


ИЗВЕСТУВАЊЕ

за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Детален урбанистички план за дел од УБ 49, УЕ 9 од Генерален урбанистички план на град Велес, опфат помеѓу улица Димко Најдов, јужна граница на КП 10056 и граница на ГУП, Локалитет Димко Митрев (стар погон), КО Велес, Општина Велес, плански период 2014-2019 год.

 

Податоци и информации:
1. Назив на органот: Општина Велес
Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес
2. Назив на планскиот документ: Детален урбанистички план за дел од УБ 49, УЕ 9 од Генерален урбанистички план на град Велес, опфат помеѓу улица Димко Најдов, јужна граница на КП 10056 и граница на ГУП, Локалитет Димко Митрев (стар погон), КО Велес, Општина Велес.
Краток опис на документот: Од страна на Општина Велес започната е постапка за донeсување на Детален урбанистички план за дел од УБ 49, УЕ 9 од Генерален урбанистички план на град Велес, опфат помеѓу улица Димко Најдов, јужна граница на КП 10056 и граница на ГУП, Локалитет Димко Митрев (стар погон), КО Велес, Општина Велес. Се работи за плански опфат со површина од 2.92ha која ја зафаќа границата на планскиот опфат, со намена Г- Производство, дистрибуција и сервиси со основна класа на намена: Г2-лесна индустрија (стопанство). Целта на донесување на планскиот документ е надополнување на ГУП на град Велес со цел да се остварат реални услови за развој на објектите во рамките на планскиот опфат
3. Назив и број на Одлука: Известување со кое нашата Одлука за спроведување на стратегиска оцена со бр. 15-12409/2 од 16.12.2014 се прифаќа од Министерство за животна средина и просторно планирање.
4. Засегнати органи: Министерство за животна средина и просторно планирање, Градоначалник на Општина Велес.
Редослед на активностите во постапката за донесување на планскиот документ: Деталниот урбанистички план за дел од УБ 49, УЕ 9 од Генерален урбанистички план на град Велес, опфат помеѓу улица Димко Најдов, јужна граница на КП 10056 и граница на ГУП, Локалитет Димко Митрев (стар погон), КО Велес, Општина Велес, се донесува со Одлука од страна на Советот на Општина Велес.
5. Засегната јавност:
- Граѓаните од станбената зона на северната граница надвор од опфатот
6. Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Детален урбанистички план за дел од УБ 49, УЕ 9 од Генерален урбанистички план на град Велес, опфат помеѓу улица Димко Најдов, јужна граница на КП 10056 и граница на ГУП, Локалитет Димко Митрев (стар погон), КО Велес, Општина – Општина Велес ќе бидат достапни во:
- Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот. Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на Извештајот;
- на www.veles.gov.mk
Јавната расправа ќе се одржи на 11.02.2015г. (среда) во просториите на Општина Велес, со почеток во 12.00 часот.
7. Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:

Планскиот опфат за кој се изработува ДУП се наоѓа во Урбана Единица 9, Урбан блок 49, согласно блоковската поделба на град Велес.
Вкупната површина што ја зафаќа планскиот опфат изнесува 2, 92 ха.
Границата на планскиот опфат е дефинана помеѓу:
- Од исток: по граница на улица Димко Најдов
- Од југ: по граница на ГУП за град Велес
- Од запад: по граница на ГУП за град Велес
- Од север: по јужна граница на катастарска парцела 10056.

Планскиот документ со новодефинираните површини, како и со потврдување на постојната инфраструктура ќе има одредени влијанија врз животната средина, од причини што планскиот документ се однесува за наменската зона дефинирана како зона на стопанство-лесна и назагадувачка индустрија. Особено треба да се има во предвид дека зоната граничи со Урбан блок наменет за домување, како и влијанија кои лесно може да бидат проширени на поширокото подрачје. Влијанијата врз животната средина се очекуваат во фаза на спроведување на планот при градба на објектите и нивна употреба кои ќе се решат со засебни документи за влијание врз животната средина - студии за оцена на влијанието на проектите врз животната средина и елаборати за заштита на животната средина.
Ако се има во предвид дека планираниот опфат е со намена лесна и незагадувачка индустрија, се очекува перспективно да се развијат дејности кои немаат кумулативно влијание врз животната средина.

Новото планско решение ќе има позитивен, долготраен ефект заради зголемување на инвестициите во општината и отворање на нови работни места.


ОПШТИНА ВЕЛЕС
Сектор за урбанизам,заштита на животната средина,
комунални дејности, сообраќај, патишта,
локален економски развој и информатичка технологија
Раководител,
Деан Стојанов