Соопштенија

ЈАВЕН ПОВИК - до сите здруженија, фондации и сојузи од Општина Велес, за изработка на Правилник

Комисијата за користење на простории од страна на здруженија на граѓани и фондации, при Советот на Општина Велес подготви предлог Правилникот за користење на простории сопственост на Општина Велес од страна на здруженија, фондации и сојузи од Општина Велес.

Со овој правилник се уредува постапката и критериумите за определување кои здруженија, фондации и сојузи ќе можат да користат простории сопственост на Општина Велес, како и начинот на користење на просторот.
Од страна на координаторите на советничките групи кои партиципираат во Советот, завземаа единствен став:
Изготвувањето на овој правилник да биде на транспарентен начин, по дадени мислење и сугестии од страна на учесниците за просториите сопственост на Општина Велес
Поради ова, Ве покануваме на заедничка јавна трибина која би се оджала на 10.03.2015година, со почеток во 13 часот во големата сала при Општина Велес, да го дадете своето мислење за предложениот Правилник.

Напомена: поради организација за простор сала, потребно е да го потрдите Вашето учество со број на присутни.
Правилник: превземи тука

Комисијата за користење на простории
од страна на здруженија
на граѓани и фондации с.р.