Соопштенија

„Чист град 2015 година”

Општина Велес овие денови превзема подготовки за спроведување на акцијата „Чист град 2015 година”. Во пресрет на почетокот на оваа акција, се замолуваат граѓаните активно да придонесат за успешна реализација, да ги отстранат нерегистрираните, хаварисаните и дотраени моторни возила, приколки и камп-приколки, запрежните возила, трактори, земјоделски машини и алати од јавните површини во градот и да ги применат мерките согласно Законот за јавна чистота.

Со почит,
Општина Велес