Соопштенија
Известување за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за ЛУПД за стопански комплекс, со основна намена на површини Г2-лесна и незагадувачка индустрија (кланица со придружни објекти) на КП 15339, 15330, дел од КП 15614
Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (”Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:
ИЗВЕСТУВАЊЕ
за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Локална урбанистичка планска документација за стопански комплекс, со основна намена на површини Г2-лесна и незагадувачка индустрија (кланица со придружни објекти) на КП 15339, 15330, дел од КП 15614 и КП 15318,Општина Велес.
Податоци и информации:
1.Назив на органот: Општина Велес
Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес
2.Назив на планскиот документ: Локална урбанистичка планска документација за стопански комплекс, со основна намена на површини Г2-лесна и незагадувачка индустрија (кланица со придружни објекти) на КП 15339, 15330, дел од КП 15614 и КП 15318,Општина Велес.
3.Краток опис на документот: Од страна на Општина Велес започната е постапка за донeсување на Локална урбанистичка планска документација за стопански комплекс, со основна намена на површини Г2-лесна и незагадувачка индустрија (кланица со придружни објекти) на КП 15339, 15330, дел од КП 15614 и КП 15318,Општина Велес. Се работи за плански опфат со површина од 3.80хa која ја зафаќа границата на планскиот опфат, со намена Г – (производство, дистрибуција и сервиси), односно класа на намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, (кланица со придружни објекти), на КП 15329, КП 15330, дел од КП 15614 и КП 15318, КО Велес, општина Велес. Главна цел на донесувањето на планскиот документ е да се овозможат услови за планирање на просторот и реализација од страна на корисникот-сопственикот на земјиштето, со конкретна намена и максимално користење на парцелата.
4.Назив и број на Одлука: Известување со кое нашата Одлука за спроведување на стратегиска оцена со бр. 15-1266/2 од 17.02.2015 се прифаќа од Министерство за животна средина и просторно планирање.
5.Засегнати органи: Министерство за животна средина и просторно планирање, Градоначалник на Општина Велес.
Редослед на активностите во постапката за донесување на планскиот документ: Локална урбанистичка планска документација за стопански комплекс, со основна намена на површини Г2-лесна и незагадувачка индустрија (кланица со придружни објекти) на КП 15339, 15330, дел од КП 15614 и КП 15318,Општина Велес, се донесува со Одлука од страна на Советот на Општина Велес.
6.Засегната јавност: Правни и физички лица.
7.Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Локална урбанистичка планска документација за стопански комплекс, со основна намена на површини Г2-лесна и незагадувачка индустрија (кланица со придружни објекти) на КП 15339, 15330, дел од КП 15614 и КП 15318,Општина Велес, ќе бидат достапни во:
- Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот. Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на Извештајот;
- на www.veles.gov.mk
Јавната расправа ќе се одржи на 01.07.2015г. (среда) во просториите на Општина Велес, со почеток во 10.00 часот.
8.Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:
Планскиот опфат за кој се изработува ЛУПД се наоѓа на КП 15329, КП 15330, дел од КП 15614 и КП 15318 КО Велес.
Вкупната површина што ја зафаќа планскиот опфат изнесува 3.80хa.
Границата на планскиот опфат на ЛУПД за стопански комплекс, со основна намена на површини Г2-лесна и незагадувачка индустрија (кланица со придружни објекти) на КП 15339, 15330, дел од КП 15614 и КП 15318 – Општина Велес е дефинирана со следната граница:
Границата на опфатот ја дефинираат КП 15331 и дел од КП 15328 на исток, дел од КП 14644/1 на запад, дел од КП 14644/1, дел од КП 15614 и дел од КП 15328 на север и на југ граничи со дел од регионалниот патен правец Велес-Гевгелија (стар пат).
Планскиот документ со новодефинираните површини, како и со потврдување на постојната инфраструктура ќе има одредени влијанија врз животната средина, од причини што планскиот документ се однесува за наменската зона дефинирана како зона на стопанство-лесна и назагадувачка индустрија. Влијанијата врз животната средина се очекуваат во фаза на спроведување на планот при градба на објектите и нивна употреба кои ќе се решат со засебни документи за влијание врз животната средина - студии за оцена на влијанието на проектите врз животната средина и елаборати за заштита на животната средина.
Ако се има во предвид дека планираниот опфат е со намена лесна и незагадувачка индустрија, се очекува перспективно да се развијат дејности кои немаат кумулативно влијание врз животната средина.
Новото планско решение ќе има позитивен, долготраен ефект заради зголемување на инвестициите во општината и отворање на нови работни места.