Соопштенија

Соопштение за јавна презентација и јавна анкета - Нацрт ДУП УБ16 и УБ20 (мв.Трпезица)

 

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на


ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за Нацрт ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за дел од УБ 16, дел од УБ 19 и УБ 20 во УЕ II - мв Трпезица, Велес. Плански период 2015-2020 год.

Границите на планскиот опфат се следните:

Почнува на север во пресечната точка меѓу железничка пруга Велес - Кочани, се спушта на југоисток по осовината на магистралниот пат М1 се до пресечната точка со општинскиот пат Велес - Дурутовец, продолжува на југоисток по осовината на општинскиот пат Велес-Дурутовец се до прекршната точка на југ со железничка пруга Велес - Кочани од каде продолжува по осовината на градска магистралната улица Скопски пат според ГУП на град Велес (Изменување и дополнување на сообраќајна мрежа од 2008 година) се до пресечна точка со КП 16316/2 и КП 16316/3 од каде продолжува на северозапад по осовината на железничка пруга Велес-Кочани се до почетната точка на север во пресечната точка со магистралниот пат М1.
Вкупната површина на планскиот опфат, во рамките на наведените граници, изнесува 41,94 ха.
Нацрт ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за дел од УБ 16, дел од УБ 19 и УБ 20 во УЕ II - мв Трпезица, Велес. Плански период 2015-2020 год. ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 24.06 2015 – 10.07 2015 година, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.

Нацрт планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk

Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 01.07 2015 година (среда) со почеток во 13.00 часот.

Градоначалник
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев