Соопштенија

ЈАВЕН КОНКУРС ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ И ИЗРАБОТКА НА МУРАЛ НА ПОТПОРНИОТ ЅИД НА КРУЖНИОТ ТЕК ПРИ ВЛЕЗОТ ВО ВЕЛЕС

ЦЕЛ НА КОНКУРСОТ:
Конкурсот се распишува со цел да се добие идејно решение кое ќе овозможи брза, рационална, квалитетна и адекватна изработка на мурал на потпорниот ѕид на кружниот тек при влезот во Велес, а воедно ќе се оплемени ѕидната површина и ќе го промовира Велес како историски, архитектонски и културен центар на Македонија.
ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ:
Идејно решение кое ќе овозможи изработка на мурал на потпорниот ѕид што ќе го претставува Велес.
ПРАВО НА УЧЕСТВО:
На конкурсот имаат право на учество сите заинтересирани правни и физички лица, државјани на Република Македонија, сите заинтересирани уметници и граѓански организации од Република Македонија.
Конкурсот отпочнува со денот на објавувањето.
Рок за предавање на конкурсните трудови е 31 јули 2015 година најдоцна до 16.00 часот, во Општина Велес на ул.”Панко Брашнар” бр.1, лично во архива или по пошта.
За трудовите испратени по пошта краен рок е датумот и часот на поштенскиот печат во горе споменатиот рок за предавање.
Прашањата во врска со Проектната програма и конкурсните услови можат да се поставуваат на e-mail Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на телефон (тања -075 309 621) најдоцна 8 дена од денот на објавувањето на конкурсот кај лицето за контакт Тања Бижинова.
НАГРАДА:
Учесниците на конкурсот имаат слобода да понудат сопствен избор на прикажување на муралот. Наградата претставува ексклузивното право на авторот за изработка на муралот, вклучувајќи го во цената и автораскиот хонорар.
Учесниците на конкурсот се должни кон идејното решение да приложат и финансиска конструкција по позиции:
- идејно решение;
- материјал;
- изработка;
Авторот на избраниот труд го задржува правото да го изработи муралот најдоцна до крајот на 2015 година.
ОЦЕНУВАЊЕ НА ТРУДОВИТЕ:
Конкурсните трудови ги оценува Оценувачка комисија од 5 (пет) члена во состав: диа Тања Божинова, диа Роза Здравева, диа Марија Рунтева,диа Ѓоре Миров и Ангел Коруновски академски скулптор.
Известител: диа Тања Божинова.
Трудови кои нема да бидат прифатени ќе бидат вратени на учесниците.
ПРОЕКТНА ПРОГРАМА:
Проектната програма е составен дел на овој конкурс.

ПРОЕКТНА ПРОГРАМА
Оваа Проектна програма е составен дел на идејно решение и изработка на мурал на потпорниот ѕид на кружниот тек при влезот во Велес
Проектната програма треба да овозможи изработка на мурал во чие финансирање учествува Општина Велес.
Муралот ќе биде изработен со цел да се оплемени ѕидната површина изградена во функција на кружниот тек.
Муралот треба да содржи уметнички приказ на историската и културната димензија на градот и да има промотивна и афирмативна порака за сите посетители на Велес.

1. Услови:
Ѕидот на кој ќе се изведува муралот е со димензии 86м должина, 4м височина, со облини на ѕидот(закривена форма) и со рамни површини. Муралот треба да биде изведен во горниот дел во височина од 2 метри.
Учесниците на конкурсот имаат слобода да понудат сопствен избор на прикажување на историјата и културата на Велес, неговите знаменитости, атракции, раритети и потенцијали.
2. Конкурсниот труд содржи:
а) текстуален дел
б) графички дел
в) финансиска конструкција до завршувањена изведба.
a)Текстуалниот дел содржи кусо образложение за симболиката на муралот
б) Графичкиот дел содржи:
-цртеж во размер 1:10
-компјутерска анимација на муралот.
в) Финансиската конструкција треба да ги опфати сите позиции од идејно решение, преку подготовка до изведба на муралот
3. Други конкурсни услови
Во прилог на Проектната програма учесниците на конкурсот ќе добијат податоци кои треба да им бидат појдовна ориентација во изготвување на проект, извод од урбанистички проект во кој е локацијата на ѕидот.
Сите текстуални и графички прикази на конкурсниот труд треба да бидат форматизирани и сложени во цврста папка, А4 формат и доставени до Конкурсната комисија во Општина Велес ул.”Панко Брашнар” бр.1 Велес со назнака “за конкурс” и се доставува лично или по пошта, во рок определен со конкурсот.
Меѓусебните односи на авторот на избраното идејно решение и Општината Велес ќе се регулираат дополнително со Договор.
Распишувач на конкурсот:

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес,
м-р Славчо Чадиев