Соопштенија
Измена и дополна на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 7, УБ 42 и дел од УЕ 12 и УБ 59 К.О. Велес
Врз основа на член 23 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
СТРУЧНА РАСПРАВА
за Нацрт Измена и дополна на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 7, УБ 42 и дел од УЕ 12 и УБ 59 К.О. Велес.
Границата оди по следниот редослед:
УРБАН БЛОК 42 КАКО ДЕЛ ОД УЕ 7 ВО ГУП НА ГРАД ВЕЛЕС Е СО СЛЕДНИТЕ ГРАНИЦИ
› На север границата се движи по осовина на улица „8“.
› На исток по осовина на улица „Индустриска“ и продолжува кон југ по осовина на улица „Благој Ѓорев“
› На запад границата се движи кон југ по осовина на железничка линија Велес – Битола.
УРБАН БЛОК 59 КАКО ДЕЛ ОД УЕ 12 ВО ГУП НА ГРАД ВЕЛЕС Е СО СЛЕДНИТЕ ГРАНИЦИ
› На запад границата се движи по осовината на ул. Благој Ѓорев.
› На север границата се движи по осовина на ул. Невена Георгиева Дуња, граница на наменска зона В4-комплекси и објекти на МО, граница на наменска зона Д2-заштитно зеленило;
› На исток границата претставува граница од ГУП на град Велес;
› На југ границата претставува граница од ГУП на град Велес.
Вкупната површина што ја зафаќа планскиот опфат за Измена и дополна на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 7, УБ 42 и дел од УЕ 12 и УБ 59 К.О. Велес, изнесува 43,06ха.
Стручната расправа по Нацрт Измена и дополна на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 7, УБ 42 и дел од УЕ 12 и УБ 59 К.О. Велес, ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 13.08.2015 година (четврток) со почеток во 13.00 часот
Соопштение стручна расправа за ГУП УБ42 и УБ59 Тунел и Касарна