Соопштенија

Авионско третирање против комарци ќе се одржи на 20.08.2015 год. (четврток)

Почитувани граѓани,
Од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес добиена е информација дека Министерството за здравство на Р. Македонија ќе спроведе повторно авионско третирање против комарци. Прскањето ќе се одржи на 20.08.2015 год. (четврток) во периодот од 05.00 часот до 08:00 часот.
Границата на третирањето е: Езеро Младост, с.Отовица, месност Јарбош; по течението на Вардар од север од с. Башино Село низ град Велес, се до вливот на река Бабуна и с. Горно Караслари.

На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и село Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, реката Вардар по целото течение на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Ќе се известат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено.
Со почит