Соопштенија
СООПШТЕНИЕ - средба со граѓаните на Урбаните заедници
Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека на ден 11.09.2015 година (петок), Градоначалникот Славчо Чадиев ќе оствари средба со граѓаните на Урбаните заедници:
- 9-ти Ноември - 18:00 часот
- Алексо Демниевски-Бауман 19:00 часот
- Ќерамидна 20:00 часот
На средбата, граѓаните ќе можат да ги посочат проблемите во својата урбана заедница, да дадат мислење и предложат сопствени идеи, предлог проекти, како и да покренат нови иницијативи. Вашето активно граѓанско учество придонесува во создавањето на квалитетни услови за живеење и брз одржлив локален економски развој на нашата Општина.