Соопштенија
ОДЛУКА за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Велес
Врз основа на член 36, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02), член 23, став 3 од Законот за угостителска дејност („Сл.весник на РМ“ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13, 166/14, 199/14 и 129/15) и член 45, став 1 од Статутот на Општина Велес („Сл. гласник“ на Општина Велес бр. 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), Советот на Општина Велес на седницата одржана на 25.09.2015 година, донесе
ОДЛУКА за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Велес
Член 1
Со оваа Одлука се врши продолжување на работното врме на угостителските објекти кои работат на подрачјето на Општина Велес, за време од два часа од регистрираното работно време на угостителскиот објект.
Член 2
Продолжувањето на работното време од два часа, важи од 09.10.2015 година до 11.10.2015 година, по повод одржувањето на манифестацијата „Велешка пита пастрмајлија-2015“.
Член 3
Оваа Одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен гласник на Општина Велес".
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес,
Александар Колев
Број 27-5580/3
28.09.2015 година
Велес