Соопштенија
71 ГОДИНА СЛОБОДЕН ВЕЛЕС

9-ти Ноември го празнуваме како роденден на градот со 23 вековна историја. 9-ти Ноември е денот посветен на сите велешани што се вградиле во неговите темели како борци за сопствениот јазик и култура, борци за свој територијален интегритет, за сувереност и независност. 9-ти Ноември е сублимат на сите буни и востанија, интелектуални и оружени револуции, празник на кој се поклонуваме на хероите и нивните семејства, на борците и нивните поколенија. Затоа овој ден не прави горди и свои!