Соопштенија
Покана за јавна расправа за Нацрт Буџет 2016 година
Почитувани,
Општина Велес, Ве поканува на Jавнa расправa
На Јавната расправа ќе биде разгледуван: Нацрт – Буџетот на Општина Велес за 2016 година
Расправата ќе се одржи на 09.12.2015 година (среда) во големата сала на Општина Велес и тоа за:
- преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (невладини организации, културно уметнички друштва, спортски клубови итн.), претставниците од урбани и месни заедници и други заинтересирани граѓани со почеток во 16:30 часот
Ве известуваме дека работниот материјал по Нацрт – Буџетот на Општина Велес за 2016 година, може да го најдете во електронска верзија на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk.
Вашите забелешки по истиот можете да ги упатите на засебниот линк за коментари на истата веб страна.