Соопштенија
Натпревар за најдобра традиционална трпеза
ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА
СООПШТЕНИЕ
Општина Демир Капија и Центарот за едукација и вмрежување во туризмот ЦЕНЕТ во рамките на манифестацијата на 07.02.2016 год "НЕДЕЛА НА ТРАДИЦИЈАТА Св. ТРИФУН 2016" го организираат настанот:
НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБРА ТРАДИЦИОНАЛНА ТРПЕЗА
Натпреварот и оваа година ќе го води г-ѓа Адријана Алачки и ќе биде целосно снимен и емитуван во терминот на нејзината емисија “ВКУСОТ НА ТРАДИЦИЈАТА” на АЛФА ТЕЛЕВИЗИЈА.
Ги известуваме сите заинтересирани кои што сакаат да учествуваат во овој натпревар дека може да го пријават своето учество во натпреварот до 03.02.2016 година . Повеќе информации ќе добиете на телефоните.
043 364 100 и 043 366 880
Или во просториите на ЦЕНЕТ секој работен ден од 08 до 16 часот.
ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА