Соопштенија
Повик за приклучување на соработници во Советот на млади

Почитувани,
Ми претставува чест и задоволство како Претседател на Советот на млади на Општина Велес да ја известам јавноста дека согласно одлуката донесена на својата 6-та седница на Советот на млади донесовме одлука за вклучување на дополнителни млади лица во работата на Советот на млади.
Токму затоа, од мое име и од името на членовите на Советот на млади, ги повикувам сите заинтересирани млади на возраст од 15 до 29 години кои се со постојано место на живеење во Општина Велес да ни се приклучат во нашиот тим и заеднички да направиме нешто повеќе за Велес. Советот на млади кое како тело е дел од Општина Велес веќе ја изработи својата годишна програма чиј дел е и вклучувањето на нови лица во неговата работа.
Како што веќе ја запознавме јавноста преку јавната расправа за програмата, како и Советот на Општина Велес, оставивме простор токму младите лица кои ќе се вклучат во работата на советот да бидат оние кои ќе ги креираат активностите во истата.
Затоа ги повикувам сите заинтересирани млади велешани да се јават на овој повик,со пополнување на апликацијата за СОРАБОТНИК и да се вклучат во работата на Советот на млади со свои идеи, предлози, сугестии и планови во секоја област за која сметаат дека ќе допринесат најмногу за развивање на младинската активност и учество.
Како Совет на млади веќе ги оформивме дел од тимовите во областа на спортот, културата и образованието, кои ќе бидат предводени од предходно оформените работи групи составени од членови на советот на млади, а во иднина со заедничка соработка планираме да оформиме и нови.
Младите кои ќе се вклучат ќе имаат право по нивно барање, или по покана на Претседателот да присуствуваат како гости на седница на Советот на млади и директно да влијаат на начинот на кој Советот на млади функционира и би имале можност да ги истакнат своите способности во донесувањето на одлуки на локално ниво.
Повикот за СОРАБОТНИК е отворен од денес, а апликацијата за приклучување кон Советот на млади може да се најде на веб страната на Општина Велес. Истата треба да биде доставена во печатена форма во архивата на Општина Велес. Сите поднесени апликации ќе бидат разгледани,а Советот дополнително ќе ги повика сите пријавени на кратко интервју преку кое идните соработници ќе бидат информирани за нивните права и обврски во Советот на млади.
Воедно би сакал да ја користам оваа прилика да ги известам сите средни општински училишта дека Советот на млади во соработка со локалната библиотека Гоце Делчев по повод роденденот на патронот на велешката библиотека 4-ти февруари и меѓународниот ден на мајчиниот јазик 21-ви февруари распишан е литературен конкурс на тема „МОЈОТ ЈАЗИК-МОЈОТ ИДЕНТИТЕТ“ за кој пропозициите можат да се најдат на веб страната на Општина Велес.
Право на учество имаат сите ученици од средните училишта во Општина Велес кои ќе бидат поделени во две категории 1и2 година и 3и4 година.
Учениците своите творби треба да ги испратат до локалната библиотека „Гоце Делчев“ најдоцна до 19-ти февруари, пристигнатите творби ќе бидат разгледани од тричлена жири-комисија, а најдобрите три творби од секоја категорија ќе бидат наградени.
Прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите ќе биде на 22-ри февруари со почеток во 12 часот во просториите на локалната библиотека.