Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Планска програма за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г2-лесна индустрија, Г3-сервиси и Г4-стоваришта, н

УП.бр. 1310-4
26.02.2016год.

Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15 и 129/15), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (”Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Планска програма за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г2-лесна индустрија, Г3-сервиси и Г4-стоваришта, на КП 12929, м.в. Калина Чешма, КО Велес, Општина Велес.

Податоци и информации:

 1. Назив на органот: Општина Велес

Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес

2.
Назив на планскиот докумен: Планска програма за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г2-лесна индустрија, Г3-сервиси и Г4-стоваришта, на КП 12929, м.в. Калина Чешма, КО Велес, Општина Велес.

3. Краток опис на документот: Од страна на Општина Велес започната е постапка за донeсување на Планска програма за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г2-лесна индустрија, Г3-сервиси и Г4-стоваришта, на КП 12929, м.в. Калина Чешма, КО Велес, Општина Велес. Се работи за плански опфат со површина од 0.22 ха која ја зафаќа границата на планскиот опфат, со наменa: Г2-лесна индустрија, Г3-сервиси и Г4-стоваришта.
Назив и број на Одлука: Известување со кое нашата Одлука за спроведување на стратегиска оцена со бр. 15-9400/1 од 18.12.2015 се прифаќа од Министерство за животна средина и просторно планирање.

3.
Засегнати органи: Министерство за животна средина и просторно планирање, Градоначалник на Општина Велес.

Редослед на активностите во постапката за донесување на планскиот документ:

Планска програма за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г2-лесна индустрија, Г3-сервиси и Г4-стоваришта, на КП 12929, м.в. Калина Чешма, КО Велес, Општина Велес се донесува со Одлука од страна на Градоначалникот на Општина Велес.                                                           4. Засегната јавност: Правните лица кои вршат дејност во непосредна близина и пошироко.

5. Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Планска програма за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г2-лесна индустрија, Г3-сервиси и Г4-стоваришта, на КП 12929, м.в. Калина Чешма, КО Велес, Општина Велес, ќе бидат достапни во:

- Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот. Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на Извештајот;

- на www.veles.gov.mk

Јавната расправа ќе се одржи на 14.03.2016г. (понеделник) во просториите на Општина Велес, со почеток во 12.00 часот.
6. Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:

Планска програма за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г2-лесна индустрија, Г3-сервиси и Г4-стоваришта, на КП 12929, м.в. Калина Чешма, КО Велес, Општина Велес.

Границите на предметниот плански опфат се поклопуваат со границите на КП 12929,

КО Велес, Општина Велес, со површина од 2277м2.


 

Формулар

Известување за јавна расправа

Нацрт