Соопштенија
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И ЛОКАЛНА НЕСТАБИЛНОСТ
Денес на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд, особено во југоситочниот и источниот дел од земјава, каде локално ќе наврнат повеќе од 30л/м2 воден талог. Во југоситочниот дел од земјава на места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи.
Врнежи од дожд ќе има и во текот на утрешниот ден, особено во источните и северните делови.
Нов влажен бран се очекува во сабота и недела кога повторно ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.