Соопштенија
Одржана манифестацијата „Зелникот на баба“

Општина Велес и оваа година повторно учествуваше на манифестацијата од хуманитарно – ревијален карактер „Зелникот на баба“ во Општина Пробиштип. Благодарение на долгогодишната соработка со Општина Пробиштип, и желбата истата да продолжи и да се прошири кругот, Општина Велес покани гости жени од Организацијата на жени и Активот на жени пензионерки, со цел што подобро да ја се претстави велешката традиција и култура.
На манифестацијата посветена на македонскиот традиционален специјалитет – зелникот, земаа учество и Општините Крива Паланка, Кратово, Неготино, Кочани, Штип, Куманово, Чешиново – Облешево, Свети Николе, а на нивните трпези се најдоа познатите: зелник, јајчаник, ѓозлеме, колпиде, тегнато, штрудла со јаболка и слично.
Специјалитетите на Велешките жени се продадоа во рекорно време, а собраните средства беа отстапени на организаторот, Општина Пробиштип, која ќе ги намени за хуманитарни цели.


