Соопштенија
ЗАВРШЕНА ПРОЛЕТНАТА ДЕРАТИЗАЦИЈА
Општина Велес ги известува сите граѓани на нејзина територија дека комплетно е завршен процесот на пролетна дератизација на сите јавни површини во градот како и двата брега на реката Вардар (од Башино село до Агриа).
По завршената тендерска постапка, надлежностите за дератизација ги доби ЈЗУ Центар за Јавно Здравје – Велес.
Процесот на дератизација се спроведува на два наврати во годината, на пролет и есен а финансирањето на истото е предвидено со Програмата за здравствена заштита во 2016 година во делот за општи мерки за заштита на населението од заразни болести.