Соопштенија
Соопштение За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог Измена и дополна на ДУП за дел од УЕ 7, дел од УБ 40, КО Велес, Општина Велес
од 07.04.2016 год.
Велес
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15 и 31/16), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Велес за 2016 година со Одлука бр бр. 27-6567/9 од 16.11.2016 година, од Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна презентација и јавна анкета
по Предлог Измена и дополна на ДУП за дел од УЕ 7, дел од УБ 40, КО Велес, Општина Велес
Границата на опфатот е дефинирана со осовините на околните сообраќајници и граници на парцели и тоа:
-од западна страна границата започнува од осовина на улица „Андон Шурков“ и продолжува кон југ по западната граница на КП бр. 16906/1, до пресек со улица „8“ (Раштански пат),
-на јужна страна границата се движи по осовина на улица „8“ до пресек со улица „Индустриска“
-на исток границата продолжува по осовина на улица „Индустриска“ кон север до пресек со улица „Андон Шурков“,
-на север границата на планскиот опфат продолжува по осовина на улица „Андон Шурков“.
Опфатот е со површина од 9,60ха.
Јавната анкета и јавната презентација по Предлог Измена и дополна на ДУП за дел од УЕ 7, дел од УБ 40, КО Велес, Општина Велес, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на граѓанскиот центар на Општина Велес.
Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од 13.04 до 26.04 2016 год од 8,00 до 16,00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 20.04.2016 година во 12:00 часот во просториите на Општина Велес.
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
М-р Славчо Чадиев