Соопштенија

Акцијата за собирање на габаритен отпад во Општина Велес со извонреден одзив кај граѓаните

Пролетната акција за собирање на габаритен отпад, која се реализираше од 10-ти до 30 април 2016г. заврши со неочекувано голем интерес кај граѓаните.
Во оваа акција 111 домаќинства пријавија до ЈКП Дервен потреба од собирање на габаритен отпад, по што јавното претпријатие изврши превземање на отпадот од нивните домови, негов транспорт до општинската комунална депонија и соодветно постапување со истиот.
Во акцијата се собрани 32 каучи, 5 спални, 1 кујна, 36 душеци, 21 фотеља, 15 столови, 12 врати, 18 прозори, 10 теписи, 4 ролетни, 7 витрини, 3 троседи, 4 шкафчиња, 2 кади, 2 wc школки, 7 дрвенарии, 2 детски колички, 2 сервиси, 1 закачалка и броен ситен домашен инвентар.

Во рамките на акцијата, а со цел да излезе во пресрет на граѓаните, ЈКП Дервен изврши собрање и на пријавениот електричен отпад кој се состоеше од: 21 телевизор, 7 фрижидери, 5 шпорети, 2 печки, 2 микровални, 2 правосмукалки, 1 машина за перење, 9 бојлери и ги складираше во депото за времено складирање на електричен и електронски отпад се до нивно предавање на овластен колективен постапувач.
Бидејќи основното мото во постапувањето со отпадот е “Редуцирај-Реупотреби-Рециклирај”, дел од собраниот габаритен отпад е даден на 5 лица со низок социјален статус за негово користење/реупотреба.
Ова е планирана активност во Програмата за управување со отпад на територијата на Општина Велес за 2016г.
За успешна реализација на акцијата и соодветно информирање на граѓаните голема улога имаше и пречатењето на информативниот леток кој заедно со сметките за комунални услуги беше дистрибуиран до секое домаќинство и правен субјект.
Општина Велес им се заблагодарува на граѓаните за нивното учество во акцијата. Сите оние кои ја пропуштија можноста да се пријават во оваа акција ќе имаат можност тоа да го сторат следната година.