Соопштенија

Општина Велес во партнерство со Советот на млади при Општина Велес организира Летна школа за млади копаничари

Почитувани,
Согласно Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата за 2016 година, а со цел да се зачува традицијата и старите занаети, Општина Велес во партнерство со Советот на млади при Општина Велес организира Летна школа за млади копаничари.
Летната школа ќе се реализира во периодот од 15-29 јуни во куќата на Касапови.

Со школата ќе раководат мајстори/копаничари. Летната школа ќе брои 10-15 учесника – на возраст од 13-18 години.
Доколку сте заинтересирани да бидете дел од овој проект на Општина Велес и Советот на млади, своите податоци доставете ги најдоцна до 07.06.2016год.(вторник), на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. контакт тел: 078600665.
Материјалот за работа и алатките ги обезбедува Општина Велес, а и инструкторите ги обезбедува Советот на млади на Општина Велес.