Соопштенија

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Градоначалник на Општина Велес, на ден 08.07.2016 година, донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена

1. За планскиот документ ЛУПД за стопански комплекс со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, во м.в. Свилара, КО Оризари вон г.р., Општина Велес кој го донесува Градоначалникот на Општина Велес потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2. Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ ЛУПД за стопански комплекс со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, во м.в. Свилара, КО Оризари вон г.р., Општина Велес се определуваат следните: Општина Велес, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за транспорт и врски, Министерство за здравство, Министерство за внатрешни работи, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерство за економија.
3. За планскиот документ ЛУПД за стопански комплекс со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, во м.в. Свилара, КО Оризари вон г.р., Општина Велес, за чија изработка е одговорен Планерис - Куманово, а го донесува Градоначалникот на Општина Велес, донесувањето на планскиот документ ЛУПД за стопански комплекс со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, во м.в. Свилара, КО Оризари вон г.р., Општина Велес ќе има влијание врз животната средина.
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: влијание врз подземните и површинските води, влијание врз почвата, влијание по однос на генерирање на комуналeн и градежен отпад, влијание врз амбиентниот воздух, биолошка и пределск разновидност и влијание од несреќи и хаварии.
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес на следната веб адреса/и: www.veles.gov.mk
6.Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.