Соопштенија
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за УПВНМ за Времено сместување–викенд населба “Башино село”, КО Башино Село вон градежен реон, Општина Велес
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина Службен весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16) на ден. 18.07.2016година, Советот на Општина Велес донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
1.За планскиот документ за изработка на УПВНМ за Времено сместување–викенд населба “Башино село”, КО Башино Село вон градежен реон, Општина Велес, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр.199/14; 44/15; 44/15 и 193/15), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk
3.Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, донесувањето на УПВНМ за Времено сместување–викенд населба “Башино село”, КО Башино Село вон градежен реон, Општина Велес,нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
•Донесувањето на планскиот документ опфаќа мала област од локално значење. Во моментот е градежно земјиште и е со носечка намена А-Домување(A4-времено сместување-викенд населба), Д-зеленило и рекреација(Д2-заштитно зеленило), Е- инфраструктура(Е1-комунална(сообраќајна)инфраструктура, Е2-комунална супраструктура(трафостаница и резервоар за вода), Е3-некомпатибилна инфраструктура(пречистителна станица)) .
•Со планскиот документ се планира реализирање на проект што не е предвиден со Уредбата за определување на проектите и критериумите врз кои се утврдува потребата за спроведување на постапка за оцена на влијанието врз животната средина.
•Со планскиот документ се планираат нови градби со намена А-домување, односно А4-времено сместување-викенд населба, Д-зеленило и рекреација(Д2-заштитно зеленило), Е- инфраструктура(Е1-комунална(сообраќајна)инфраструктура, Е2-комунална супраструктура(трафостаница и резервоар за вода), Е3-некомпатибилна инфраструктура(пречистителна станица)) ..
4.Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.