Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - трето авионско тертирање против комарци
Општина Велес ја информира јавноста дека третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 30 Јули (Сабота) 2016 год. во периодот од 05:00 до 06:30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 31 Јули (Недела) 2016 год.
Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.