Соопштенија

СООПШТЕНИЕ - Управа за хидромеоролошки работи

Управата за хидромеоролошки работи за денес најавува поизразена нестабилност на времето проследена со врнежи со сличен карактер на вчерашните.

 

Согласно насоките на управата, апелираме на претпазливост на сите граѓани во урбаните градски средини и суводолиците особено во северните и западните делови на земјата каде е можна појава на локални поплавувања. Во случај на појава на електрични празнења внимателноста да биде поголема, да не се престојува на отворен простор и осамени дрвја.