Соопштенија
Стартува одделното собирање на картонската амбалажа во централното градско подрачје
Од 1ви Септември 2016г. ЈКП Дервен во соработка со Општина Велес ќе започне со одделно собирање на картонската амбалажа од трговските објекти на улиците: Благој Ѓорев, 8ми Септември, Гоце Делчев, Страшо Пинџур, Алексо Демниевски и Димитар Влахов.
За таа цел ќе биде ангажирано возило кое ќе врши собирање само на картонската амбалажа директно од пред трговските објекти.
Преку едукативен леток кој е веќе дистрибуиран дадени се насоките на постапување - Секоја вечер (освен во недела навечер) во 19.00 часот, вработените во трговските објекти се должни картонската амбалажа да ја спакуваат/преклопат по ивиците и да ја изнесат непосредно пред објектот.
ЈКП Дервен ќе врши собирање СЕКОЈ ДЕН (ОСВЕН ВО НЕДЕЛА) во периодот од 19.00-21.00 часот.
Со оваа активност, картонската амбалажа која сега завршува во контејнерите измешана со останатиот комунален отпад одвоено ќе се собира и со неа ќе се постапува согласно Законот за постапување со отпад од пакување.
Општина Велес упатува апел до сите субјекти да ја почитуваат оваа промена и да дадат сопствен придонес за почиста животна средина. Оваа активност е дел од Програмата за управување со отпад за 2016г.
Сите потребни инфорамции може да се добијат на телефонот на РЕ Комунална хигиена - 043/233-768, секој работен ден од 07.00 до 14.00 часот и во сабота од 07.00 до 12.00 часот.