Соопштенија
ИЗВЕСТУВАЊЕ за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за ЛУПД за стопански комплекс со класа на намена Г2- лесна и незагадувачка индустрија, во м.в. Свилара, КО Оризари вон г.р., Општина Велес
Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15 и 129/15), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (”Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:
ИЗВЕСТУВАЊЕ за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за ЛУПД за стопански комплекс со класа на намена Г2- лесна и незагадувачка индустрија, во м.в. Свилара, КО Оризари вон г.р., Општина Велес
Податоци и информации:
1.Назив на органот: Општина Велес
Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес
2.Назив на планскиот докумен: ЛУПД за стопански комплекс со класа на намена Г2- лесна и незагадувачка индустрија, во м.в. Свилара, КО Оризари вон г.р., Општина Велес
Краток опис на документот: Од страна на Општина Велес започната е постапка за донeсување на ЛУПД за стопански комплекс со класа на намена Г2- лесна и незагадувачка индустрија, во м.в. Свилара, КО Оризари вон г.р., Општина Велес. Се работи за плански опфат со површина од 13,66 ха која ја зафаќа границата на планскиот опфат, со наменa: Г2 – лесна и незагадувачка индустрија.
Назив и број на Одлука: Известување со кое нашата Одлука за спроведување на стратегиска оцена со бр. 15-4732/2 од 22.07.2016 се прифаќа од Министерство за животна средина и просторно планирање.
3.Засегнати органи: Министерство за животна средина и просторно планирање, Градоначалник на Општина Велес.
Редослед на активностите во постапката за донесување на планскиот документ: ЛУПД за стопански комплекс со класа на намена Г2- лесна и незагадувачкa индустрија, во м.в. Свилара, КО Оризари вон г.р., Општина Велес, се донесува со Одлука од страна на Градоначалникот на Општина Велес.
4.Засегната јавност: Правните лица кои вршат дејност во непосредна близина и пошироко.
5.Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за ЛУПД за стопански комплекс со класа на намена Г2- лесна и незагадувачка индустрија, во м.в. Свилара, КО Оризари вон г.р., Општина Велес, ќе бидат достапни во:
- Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот. Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на Извештајот;
- на www.veles.gov.mk
Јавната расправа ќе се одржи на 23.09.2016г. (петок) во просториите на Општина Велес, со почеток во 12.00 часот.
6.Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:
ЛУПД за стопански комплекс со класа на намена Г2- лесна и незагадувачкa индустрија, во м.в. Свилара, КО Оризари вон г.р., Општина Велес, Урбанистичката документација во својата анализа од аспект на географско и геодетска местоположба за стопански комлекс, од класа на намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија, во м.в. Свилара, КО Оризари вон г.р., Општина Велес, оддалечено околу 4,0 до 5,0 км, северо-западно од Велес, во Општина Велес, завземајќи површина од 13,66 ха. Границите на опфатот се следните:
•исток - граничи со дел од КП 1939, КП 1935, дел од 1936, КП 1928, дел од река Тополка и дел од КП 3435;
•запад - граничи со дел од регионален патен правец Р-1312, Велес-Прилеп (стар пат) и дел од КП 1896;
•север - граничи со КП 1939, КП 1935, дел од КП 1936, КП 1928 и дел од КП 3435;
•југ - граничи со дел од пристапна улица-постојна и дел од пешачка патека- постојна;
Локалитетот е оддалечен околу 4,0 до 5,0 км, северо-западно од Велес, во Општина Велес. Сообраќајно овој простор преку регионален патен правец Р1312, Велес-Прилеп (стар пат), е поврзан со централното градско подрачје на Велес, а преку сообраќајниците во Велес и кон другите урбани центри во Републиката и надвор од Република Македонија.
Релјефот на предметниот локалитет е со пад од 1,33% во правец запад - исток и 0,01% во правец север - југ. Локалитетот-градежната парцела има поволна географска диспозиција во однос на градот и е овозжможено поволно осончување и во зимскиот период.