Соопштенија

Честитка на градоначалникот Славчо Чадиев по повод 8-ми септември – Денот на незавиноста на Република Македонија

Почитувани сограѓани,
Од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес, дозволете ми на сите граѓани да им го честитам 8-ми септември – Денот на незавиноста на Република Македонија.
На овој ден, пред точно 25 години граѓаните на Република Македонија сосема храбро и одлучно се решија за своја сопствена, самостојна и суверена држава, остварувајќи ги вековните идеали на своите предци.

Денес Република Македонија мошне смело и успешно чекори по својот трасиран пат. Нам, на сите граѓани ни преостанува да продолжиме да работиме за просперитетна и сигурна иднина на нашите деца. Сите заедно сплотени и обединети да ја возидигнеме Република Македонија во држава со кoja ќе се гордееме!
Нека ни е честит и вековит 8-ми септември.