Соопштенија

ОДЛУКА за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Велес

Врз основа на член 36, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02), член 23, став 3 од Законот за угостителска дејност („Сл.весник на РМ“ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13, 166/14, 199/14 и 129/15) и член 45, став 1 од Статутот на Општина Велес („Сл. гласник“ на Општина Велес бр. 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14),
Советот на Општина Велес на седницата одржана на 29.09.2016 година, донесе ОДЛУКА за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Велес

 

Член 1

  • Со оваа Одлука се врши продолжување на работното вре `ме на угостителските објекти кои работат на подрачјето на Општина Велес, за време од два часа од регистрираното работно време на угостителскиот објект.

Член 2

  • Продолжувањето на работното време од два часа, важи од 07.10.2016 година до 09.10.2016 година, по повод одржувањето на манифестацијата „Велешка пита пастрмајлија-2016“.

Член 3

  • Оваа Одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен гласник на Општина Велес".