Соопштенија

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Ве поканува на отворен Инфо ден

Инфо денот ќе се одржи на 19.10.2016 година во Голема сала во Општина Велес, во Велес со почеток во 12:30 часот.На Инфо денот ќе говорат претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, и ќе ги претстават програмата „Еразмус плус 2014-2020“ и европските иницијативи „Еуропас“ , „Евридика“ , еТвининг, Еурогајденс, Еуродеск и ЕКВЕТ. Со имплементација на програмата „Еразмус плус“ во Република Македонија се обезбедува огромна поддршка на образованието, обуката, младите и спортот.

„Еразмус плус“ придонесува кон надградба на институционалните капацитети, како и личен и професионален развој на сите чинители во полето на образованието, обуката, младите и спортот.Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на телефон 077-692-538 или на маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. кај Елена Стојановска.