Соопштенија

КОНКУРС за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2016/2017 година

Врз основа на член 3 од Деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.11/2011), член 7 од Прaваилникот за условите, критериумите и начинот за доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес бр 27-6287/4 а во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес бр. Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 01.11.2016 година, распишува
КОНКУРС за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2016/2017 година

За учебната 2016/2017 година, Општина Велес ќе додели:
-10 стипендии на талентирани ученици од III-IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 1.500 денари месечно , а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.
-10 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно , а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.
Услови за доделување на стипендии
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
1. Редовни ученици од средно образование со континуиран одличен успех, кои освоиле I наградa на државни натпревари или I, II, или III награда на меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот.
2. Редовни студенти со континуирано студирање, кои освоиле I награда на државни или I, II, или III награда на меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот при што приоритет имаат кандидатите кои освоиле повисока награда, а кои во претходните години на студии постигнале просечен успех од 9,00 и над.
3. Да се жители на Општина Велес и
4. Да се државјани на Република Македонија.
Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии
1.Пријава од апликантите до Комисијата.
2.Свидетелства за континуиран одличен успех.
3.Уверение за положени испити.
4.Потврда за запишана година на факултетот.
5.Документ кој потврдува освоени награди на државни натпревари.
6.Документ кој потврдува освоени награди на меѓународни натпревари.
7.Потврда за објавени стручни трудови.
8.Препорака од предметниот наставник/ментор на студентот.
9.Препорака од наставничкиот колегиум/училиштето-факултетот.
10.Уверение за семејно и материјална положба.
11.Потврди за личен доход на вработените членови од семејството.
12.Потврда од Агенцијата за вработување за невработените членови од семејството.
13.Есеј на кандидатот на тема „Постапувај така што човекот секогаш ќе ти биде цел, а никогаш средство”.
14. Фото копија од лична карта или пасош.
Место и рок за поднесување на документите
Пријавата со потребните документи се доставуваат во затворено плико со назнака „ за Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес“ ул.” Панко Брашнар” бр.1 Велес со доставување во Општинскиот центар за услуги.
Рокот за поднесување на документите е од 02.11.2016 до 17.11.2016 година.
Пријавата може да се подигне заедно со другите обрасци во Општинскиот центар за услуги.
Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
Документи доставени по пошта нема да се разгледуваат.
Резултатите ќе бидат објавени во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на завршувањето на конкурсот.
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на веб страната на Општина Велес и истакнати на огласна табла во Општинскиот центар за услуги.
Незадоволните кандидати можат да поднесат приговор до Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес во рок од 3 (три) дена од објавувањето на резултатите.
Поблиски информации можат да се добијат во Општинскиот центар за услуги на тел. 232-406 локал 226