Соопштенија

Покана за јавни расправи по Нацрт-документите на општината за 2017 година

Општина Велес Ве поканува на Jавни расправи по Нацрт-документите на општината за 2017 година. Јавните расправи ќе се одржат на 07.11.2016 година (понеделник) во големата сала на Општина Велес и тоа за:
•преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (невладини организации, културно уметнички друштва, спортски клубови итн.) и заинтересирани граѓани и
•претставниците од урбани и месни заедници и заинтересирани граѓани со почеток во 17:30 часот
На Јавните расправи ќе бидат разгледувани Нацрт – документите на Општина Велес за 2017 година:

Нацрт- документите што ќе бидат презентирани на Јавната расправа можете да ги најдете и во електронска верзија на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk, Вашите забелешки по нив можете да ги упатите на засебниот линк за коментари на истата веб страна.
Со почит,