Соопштенија

СООПШТЕНИЕ - „ДЕН НА ДРВОТО 2016“

Општина Велес ги извесува сите граѓани дека 17-тата Акција „Ден на дрвото 2016“ ќе се реализира на ден: 30 ноември 2016 година (среда)

Пошумувањето ќе се реализира на локација м.в. Дерин дере (во непосредна близина на општинската комунална депонија).

За учесниците е организиран автобуски превоз со поаѓање по следниот распоред:

- Основен Суд Велес (на постојката на ул. Гоце Делчев) во 09.00 и во 11.00 часот
- ЕВН ЕСМ во 09.00 и во 11.00 часот и
- пред ОССУ „Коле Неделковски“ во 9.00 часот.

Општина Велес ги повикува граѓаните активно да се вклучат за успешно спроведување на акцијата. Со вашето присувство ќе придонесете за позелена околина, почиста и поздрава животна средина