Соопштенија
СООПШТЕНИЕ - Отежнато собирање на отпад
СООПШТЕНИЕ
Почитувани граѓани,
Вонредните временски услови го оневозможија редовно извршување на услугата за собирање и транспортирање на отпад во ноќните часови.
Заради тешката пристапност до високите зони во градот и проблемите во функционирањето на возилата за собирање на отпад во услови со екстремно ниски температури се создадоа купови со отпад на локациите за складирање на отпад и околу контејнерите.
Се врши дневна координација помеѓу надлежните служби во Општина Велес и ЈКП Дервен и веќе се создадени услови за собирање на отпадот во текот на денот во ниските зони во градот, но сепак во отежнителни околности.
Општина Велес упатува апел до граѓаните да имаат разбирање за состојбата.
Остануваме посветени на активностите за заштита на животната средина и унапедување на квалитетот на живот на граѓаните.