Соопштенија

ПОЕТСКИ КОНКУРС за сите средни училишта во Р.Македонија, во рамките на „Рациновите средби“ 2017

Здружението на граѓани „ФАД СТОБИ“, во својство на организатор на „Рациновите средби“ 2017, во соработка со СОУ Гимназија “Кочо Рацин“-Велес, објавуваат:

ПОЕТСКИ КОНКУРС за сите средни училишта во Р.Македонија, во рамките на „Рациновите средби“ 2017

 

Поетскиот конкурс се однесува на ученици од сите средни училишта во Република Македонија.
На конкурсот се учествува со поетски творби на тема ликот и делото на Коста Солев Рацин.
Поетскиот конкурс е со награден карактер.
Целта на конкурсот е афирмација на името, ликот и делото на Коста Солев Рацин, како и активно вклучување на средношколците од Р.Македонија во реализацијата на поетската манифестација „Рацинови средби“.
За наградите на конкурсот ќе одлучува стручна жири-комисија и истите ќе бидат доделени во рамките на „Рациновите средби“ 2017.
Конкурсот трае до 20 мај 2017 година.
Поетските творби за конкурсот треба да се достават по електронски пат на следната мејл адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.