Соопштенија

Јавен повик – За пријавување на штети од елементарни непогоди

Општина Велес ги повикува граѓаните кои имаат претрпено штета на земјоделските култури како последица од ниските темпетарури истата да ја пријават.
Пријавувањето се врши на следниот начин: Од Граѓанскиот сервис центар се подигнува образец „Пријава за настаната штета од елементарна непогода“. (истата може да се превземе и од интернет страницата на Општина Велес www.veles.gov.mk)

Пополнетата пријава потребно е да се достави до архивата на Општина Велес. Со пријавата да се приложат и копиии од лична карта, трансакциска сметка, имотен или поседовен лист.
Пријавување на штети започнува од денеска 25.04.2017 година па во наредните седум дена се до вторник 02.05.2017 година.
По завршување на овој рок, по сите пријави ќе постапи Општинската комисија за проценка на штети.