Соопштенија
Честитка на градоначалникот Славчо Чадиев по повод 23 мај - Националниот ден на Власите
Почитувани сограѓани, припадници на влашката етничка заедница
Од мое лично име и од името на Општина Велес, дозволете ми да Ви го честитам 23 Мај – Националнот ден на Власите. Сакам да Ви посакам пред се добро здравје. Празникот нека ви биде исполнет со радост, среќа, бериќет за Вас и Вашите семејства.
За Власите, 23-ти мај претставува афирмација на нивната култура и традиција и постоење на нивната заедница во нашето општество. Власите, со својата богата култура и општествено делување, претставуваат нераскинлив дел од историјата на Македонија.
Ваквите празници нека не обединат во нашите заложби за поголем, побрз и подинамичен развој на нашата држава истакнувајќи ги нашите заеднички вредности кои го градат единството, меѓучовечкото разбирање и хармонија во нашата татковина.
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес.