Соопштенија
ОБЈАВА - за прибирање на понуди за распределба на линии за превоз на патници на територијата на Велес за следните линии
Врз основа на член 22 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ“ бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/16 и 71/16) и член 33 од Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Велес („Сл.гласник на општина Велес“ бр.4/05, 11/05, 13/05, 1/06 и 10/08),
ОБЈАВА - за прибирање на понуди за распределба на линии за превоз на патници на територијата на Велес за следните линии
1. Велес – Чолошево – линија бр. 4
2. Велес – Црквино – линија бр. 5
3. Велес – Бузалково – линија бр. 8
4. Велес – Кумарино – линија бр. 10
5. Велес – Башино Село – линија бр. 11
Заинтересираните превозници, Понудите да ги достават до Велес (Општина Велес ул.,,Панко Брашнар,, б.б. Велес), во рок од 7 (седум) дена од денот на објавувањето на објавата, во затворен плик препорачано по пошта или со потврден прием во архивата на горенаведените општини со ознака ,,Понуда за распределба на линиски превоз на патници за територијата на Општина Велес, во затворен внатрешен плик на кој во левиот агол стои “Не отварај“.
Понудата за распределба на општински линиски превоз на патници потребно е да ги содржи следните податоци:
-Линијата т.е линиите за кои се бара распределба;
-Цена за линијата со тарифен систем до секое автобуско стојалиште;
-Фотокопија од Решение за упис во централен регистар во кое ќе има регистрирана претежна дејност - Вршење на превоз на патници во патниот сообраќај, не постаро од 60 дена;
-Фотокопија од Потврда за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на општински линиски превоз на патници;
-Фотокопии од сообраќајните дозволи за секое возило одделно или Договор за лизинг со сообраќајните дозволи за возилата што ги користи по договор за лизинг од овластен дистрибутер (заверени кај нотар);
-Список на вработени возачи во редовен работен однос со фоткопие на обрасците М1 и М2;
-Лиценца за вршење на Општински линиски превоз на патници;
-Извод од лиценца за возилата со којшто се планира да се врши превозот;
-Потврда од надлежен суд дека не е во сила правосилна судска одлука за сторено кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во на сообраќајот, не постара од 60 дена;
-Потврда од надлежен суд дека не е изречена мерка за безбедност, забрана за вршење на дејност, не постара од 60 дена;
Истата треба да биде потпишана и заверена од законскиот застапник на превозникот.
Постапката за распределба на линии за превоз на патници за територијата на Општина Велес, ја спроведува Комисијата за спроведување на постапка за доделување на линии за вршење на линиски превоз на патници формирана од Градоначалникот на Општина Велес, врз основа на следните критериуми:
-Цена за линијата;
-Старосна структура на возилата со кој ќе се врши линиски превоз;
-Број на возила со кој ќе се врши линиски превоз;
Понудите кои не се поднесени во предвидениот рок и кои не ги содржат комплетно бараните податоци (докази) од Објавата, нема да бидат разгледувани.
Отворањето на понудите ќе се изврши на ден 19.06.2017 година, во 12,00 часот во просториите на Општина Велес, во присуство на понудувачите.
Се известуваат превозниците коишто ќе достават понуди за распределба на линии за превоз на патници на територијата на општина Велес, дека опслужувањето на линиите се врши исклучиво согласно Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Велес.
За подетални информации може да се обратите секој работен ден во Општина Велес на телефон 076/365-283 (лице за контакт Горан Коцевски).
Претседател на Комисија за спроведување на постапка
за доделување на линии за вршење на линиски превоз на патници
Сања Карабатова
Бр. 02-2601/1
09.06.2017