Соопштенија

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена на влијанија врз животната средина за УПВНМ, со мешана класа на намена на локалитет,м.в.“Среден пат”, КО Башино Село, Општина Велес

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина Службен весник на  РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13,  187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15 и 39/16) на ден. 06.06.2017година, Градоначалникот на Општина Велес донесе 

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена 

 

  1. За планскиот документ за изработка на УПВНМ, со мешана класа на намена на локалитет,м.в.“Среден пат”, КО Башино Село, Општина Велес, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр.199/14; 44/15; 44/15 и 193/15), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велесveles.gov.mk
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена за донесувањето на УПВНМ, со мешана класа на намена на локалитет,м.в.“Среден пат”, КО Башино Село, Општина Велес, нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
  • Донесувањето на планскиот документ опфаќа област 55,38 ха. од локално значење. Во моментот е градежно земјиште и е со носечка намена А-Домување, Б- комерцијални и деловни намени, Г-производство, дистрибуција и сервиси, Е- инфраструктура.
  • Со планскиот документ се планира реализирање на проект што не е предвиден со Уредбата за определување на проектите и критериумите врз кои се утврдува потребата за спроведување на постапка за оцена на влијанието врз животната средина.
  • Со планскиот документ се планираат нови градби со намена А-домување, односно А4-времено домување,(викенд куќи и мотели), Б- комерцијални и деловни намени, односно Б1-мали комерцијални и деловни намени(дуќани, услужни дејности, угостителство и др.), Г-производство, дистрибуција и сервиси и тоа Г2- лесна индустрија, Г3- сервиси и Г4- стоваришта, Е- инфраструктура(Е1-комунална инфраструктура, Е2-комунална супраструктура(трафостаница до 20 КБ, бензински пумпни станици, придружни услужни објекти- станици за технички преглед на возила), Е3-некомпатибилна инфраструктура(трафостаница над 20 КБ, пречистителна станица) 
  1. Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.