Соопштенија
ЈАВНА РАСПРАВА - „Студија за оцена на влијанието врз животната средина за Интегриран систем за управување со цврст отпад (ИСУЦО)“
ЈАВНА РАСПРАВА
„Студија за оцена на влијанието врз животната средина за Интегриран систем за управување со цврст отпад (ИСУЦО)“
- Вардарски регион: Велес, Лозово, Чашка и Демир Капија
- 17.07.2017 Општинска сала - Општина Велес
На 17 Јули 2017 година во Општинската сала во Општина Велес, со почеток во 15:00h ќе се одржи Јавна расправа организирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Секторот за животна средина.
На јавната расправа ќе биде претставена Студијата за оцена на влијанието врз животната средина (ОВЖС) за Вардарскиот регион која беше подготвена во рамките на проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион EuropeAid/136347/IH/SER/MK“, проследена со претставување на студија на изводливост од страна на клучните експерти и дискусија со сите засегнати страни.
Цел на јавната расправа ќе биде конструктивна дискусија за влијанијата на Интегрираниот систем за управување со отпад врз животната средина. Граѓаните ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат стручни одговори од страна на експертите, а исто така и да дознаат повеќе за предностите кои ги носи воспоставувањето на ваков вид системи за управување со отпад.
За Проектот
Горенаведениот проект е инициран од Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на ИПА, доделен од Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД) при Министерството за финансии и спроведен од страна на ENVIROPLAN S.A. и неговите конзорциумски партнери, LOUIS BERGER – BiPRO GmbH – EPEM S.A. – SLR Consulting Limited.
Целта на Проектот е да се постигне Интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагонискиот, Југозападниот, Вардарскиот и Скопскиот регион и да се подобри животниот стандард на приближно 1.200.000 жители кои моментално годишно произведуваат 330.000 тони отпад.
Во продолжение може да ја погледнете агендата на Јавната расправа.
Ги покануваме новинарите и фотографите да го покриваат овој настан.
Во прилог на ова соопштение Ви доставуваме и 3 избрани фотографии кои може да се користат во новинарски текстови.
За информации во врска со ова Соопштение до јавност, Ве молиме контактирајте ја канцеларијата на проектот.
Тел: +389 2 277 3487
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.