Соопштенија
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Забранет сообраќај на крстосницата помеѓу улиците Тодор Јанев и Стефан Бобев
Почитувани,
Општина Велес денес ќе извршува реконструкција – бетонирање на спојот помеѓу улиците Тодор Јанев и Стефан Бобев.
Ги информаираме граѓаните на Велес, а посебно населението кое живее и гравитира во тој дел од градот дека денес 09.03.2018 година (петок) од раните утрински часови и во сабота, забранета за сообраќај ќе биде крстосницата помеѓу улиците Тодор Јанев и Стефан Бобев.
Општина Велес апелира за разбирање, затоа што во наредните два дена сообраќајот на тој дел од градот ќе се одвива отежнато.
Со почит,
Општина Велес