Соопштенија

Соопштение за планирани боеви активности на територија на АП Криволак во период од 30.07.2018 година до 24.08.2018 година

Во врска со добиенето известување од Мин. за Одбрана, Генералштаб на АРМ, Воена Пошта 2733/50, заведено под број 17-186/1 од 26.07.2018 година.

Се Соопштува на месното население кое гравитира околу Армискиот Полигон Криволак, дека во период од 30.07.2018 година до 24.08.2018 година на АП Криволак ќе се реализираат боеви активности во делот на Џидимирци, Брест, Орлов Баир, Караоџали, Кемлаџик, Хаџи Реџепли, Штркалево, Хаџи Хамзали, Едеклерци, Топлич, Кур Тепе, Читаклија, Кашау Тубре, Чешмедерски рид, Енешево, Чуј Петел и Козарник.

Во наведениот период СЕ ЗАБРАНУВА секакво движење и престој на луѓе, моторни возила, стока, како и остатвање на моторни возила во наведените реони.

Исто така, се забранува земање или допирање на неексплодирани проектили или останати средства, кои можат да бидат опасни по живот, а доколку се пронајдат такви средства истите да се обележат и да се  известат надлежните органи на Командата на гарнизон Криволак или СВР Штип, СВР Велес, ПС од ОН Неготино, ПС од ОН Кавадарци или ПС Градско.

Сите стрелишта и вежбалишта на кои ќе се реализираат боевите активности ќе бидат видно обележани согласно законските прописи во АРМ, како и обезбедени со физичко обезбедување.

 

Соопштение