Соопштенија

Честитка од Градоначалникот Коцевски за првиот училишен ден

Почитувани ученици,

Дозволете ми од мое лично име и од име Советот на Општина Велес да Ви посакам успешен старт и многу успеси во новата учебна година.

Образованието треба да цели кон доведување на Вашата морална, интелектуална и физичката природа до совршенство затоа што на овој начин Вие како ученици може да дадете голем придонес за себеси нo и за сите други во нашата заедница.

На најмалите кои денес за прв пат седнуваат во училишните клупи би сакал да им порачам: Радувајте се на овој ден, затоа што ова е Ваш ден на кој ќе се сеќавате целиот свој живот. Бидете одговорни во извршувањето на сите задачи, затоа што на тој начин ќе бидете наша најголема гордост.

Со почит,
Градоначалник на Општина Велес
Аце Коцевски