Соопштенија

Општина Велес изврши ревизија на уличното осветлување во с. Бузалково

Известување

Ве исвестуваме дека ден 03.09.2018 год. по барање на граѓаните, Општина Велес изврши ревизија на уличното осветлување во с. Бузалково . При тоа беше утврдена неисправност на поголем број на светилки за улично осветлување .

Во текот на својата интервенција екипите за одржување на уличното осветлување заменија 31 неисправна сијалица за улично осветлување , од кои 25 натриумови од 70 W и 6 живини сијалици од 125 W (кои граѓаните самоиницијативно ги поставиле и приклучиле на мрежата на уличното осветлување ) .

Екипите за одржување на уличното осветлување поставија 3 нови светилки за улично осветлување во с. Бузалково и на тој начин ја проширија мрежата на улично осветлување во истоименото село .
Напоменуваме дека ова не се први , ниту пак единствени зафати во мрежата на улично осветлување во с. Бузалково во текот на оваа година .

Со почит
Општина Велес