Соопштенија

Сопштение до граѓаните - Старт на акцијата „Чист град 2018“

На ден 10 октомври 2018 година (среда), стручните служби на Општина Велес во соработка со МВР-Полициска станица за безбедност на сообраќајот на патиштата - Велес ќе ја започнат акцијата „Чист град 2018“

Целта на Акцијата е евидентирање и отстранување на нерегистрирани хаварисани, искористени и приклучни возила, земјоделски машини со приклучни или без приклучни орудија од јавни сообраќајни површини, улици, паркинзи, хортикултурно уредени зелени површини, градски зеленила, паркови и други јавни површини во Велес.

Aкцијата ќе се одвива во две фази:


- Првата фаза ќе биде од превентивен карактер

- Во втората фаза ќе се преземат репресивни мерки за оние кои не ги испочитувале условите од првата фаза.

Општина Велес апелира до граѓаните активно да се вклучат во акцијата „Чист град 2018“ и да придонесат  за почиста животна средина.